Шведска воведе контрола кон границите со Данска

Сите патниците кои патуваат од Данска за Шведска со воз, автобус или траект од понеделник ќе мора да покажат лична исправа со фотографија за да ја минат границата, што има за цел ограничување на големиот прилив на бегалци во Шведска.

shvedska-danska

Патниците се предупредени дека ги очекуваат гужви и застои на данската страна од мостот и тунелот Оресунд, главната точка за влезот на мигранти во Шведска.

Новата мерка има за цел да спречи влез на бегалци без документи во Шведска, која прими најмногу баратели на азил по глава на жител од сите европски држави.

Шведската влада неодамна соопшти дека повеќе не може да се носи со нерегулираниот прилив на се поголем број бегалци.

Повторното воведување на гранична контрола значи дека луѓето кои патуваат помеѓу Шведска и Данска ќе мора да носат пасоши прв пат по 50 години, што претставува нов удар за „шенген“ зоната.

Извор: Макфакс