Започнува „Пролетниот вино фест“ во Скопје

springwine

Во среда во 18 часот ќе започне петтиот по ред „ Пролетен Вино Фест“, а ќе го отворат „Акустик Дивижн“.

Веднаш по нив ќе настапи Влатко Илиевски, а за крај свој концертен настап ќе има Игор Џамбазов.  Посетителите пет дена ќе имаат можност да уживаат во чашка добро вино од најдобрите македонски винарии и да дегустираат гурмански деликатеси и мезиња од македонски произведувачи.

Влезот како и секоја година ќе биде бесплатен, а местото на одржување традиционално е просторот пред „Веро Центар“ во Скопје.

макфакс