Поради загадениот воздух прерано умираат 5,5 милиони луѓе годишно

Секоја година повеќе од 5,5 милиони луѓе во светот прерано умираат од последици на загаденоста на воздухот, а повеќето од тие случаи се регистрирани во земјите со брз развој, како Кина и Индија, покажуваат најновите истражувања на тим американски и канадски научници.

Image

Главниот виновник, според извештајот претставен на конференцијата на Американското здружение за напредок во науката, се емисиите на малите честички од фабриките, електричните централи, издувните гасови од автомобилите и честичките коишто се ослободуваат со согорување на јагленот и дрвото.

„Во Пекинг и во Њу Делхи, во деновите кога загадувањето е посериозно, бројот на тие микрочестички, познати како PM2.5, знае да биде и повеќе од 300 микрограми на квадратен метар“, изјави Ден Гринбаум од здравствениот институт во Бостон, појаснувајќи дека тоа количество би требало да изнесува околу 25 до 35 микрограми на квадратен метар.

Вдишувањето на тие честички може да го зголеми ризикот од развојот на срцевите заболувања, мозочен удар, респираторни проблеми па дури и карцином.

„И додека развиени земји ги направија првите големи чекори во решавањето на овој проблем од пред неколку децении, бројот на луѓето кои умираат од лошиот квалитет на воздухот во земјите во развој и натаму расте“, додава Гринбаум.

Според споменатото истражување, загадувањето на воздухот однесува повеќе животи од другите ризичните фактор, како неисхранетоста, дебелината, алкохолот, злоупотребите на дроги и незаштитениот секс. Загадувањето на воздухот е четвртиот по ред најголем ризик за човеково здравје, зад високиот крвен притисок, прехранбените фактори и пушењето.

Во Кина годишно од загадениот воздух умираат околу 1,6 милиони луѓе, а во Индија околу 1,3 милиони. Изворите на загадувањето се разликуваат според земјите и додека во Кина главна причина за загадувањето на воздухот е користењето на јагленот, во Индија тоа се согорувањето на дрвјата, кравјите лепешки и палењето на остатокот на посевите и другите материјали кои се користат за готвење и греење и тоа „внатрешното загадување во Индија е поголем проблем од „надворешното загадување“.