ИД ја презеде одговорноста за нападот со секира во германскиот воз

Седумнаесетгодишниот Авганистанец кој со секира нападна луѓе во воз во Германија, бил припадник на Исламска држава, соопштија од ИД.

CnrLmlUWYAALK8r-860x680

Портпаролот на германската полиција претходно изјави дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“, а кај него било пронајдено рачно изработено знаме на ИД. Припадниците на безбедносните сили го убија напаѓачот.

Авганистанецот дошол пред две години во Германија како малолетник, без придружба, и во март годинава поднел барање за азил.

Тој живеел во дом за тинејџери бегалци до пред две недели, кога бил сместен во згрижувачко семејство.

Тројца патници добија тешки повреди и се во критична состојба. Едно лице е полесно повредено, а 14 се хоспитализирани поради преживеан шок.