Избори или калашников, начин на кој Земан би го отстранил Соботка

Чешките политички кругови без сериозно вознемирен во вторникот од изјавата на претседателот Милош Земан кој ја спомена можноста за елиминирање на премиерот Бохуслав Соботка, меѓу другото и со – „калашников“.

Image

И претседателот Милош Земан и премиерот на Чешката Република, Бохуслав Соботка, се лево ориентирани, меѓутоа нивните односи се карактеризираат со големи тензии поради миграциската криза. Претседателот остро се спротиставува на прифаќањето на бегалците, додека премиерот има сосема спротивен став.

На јавно поставеното прашање за начинот на кој Соботка би можел да биде отстранет од политичката сцена, Земан, кој инаку е првиот чешки претседател избран на непосредни избори а е познат по своите провокативни и отворени изјави, одговори дека „постои само една демократска опција – избори“, меѓутоа и додаде „Недемократската можност е калашников“.

„Се надевам дека тоа било шега, бидејќи (изјавата) е невкусна“, изјави претседателот на опозициската комунистичка партија Војчех Филип.

Европратеникот Павел Свобода отиде и подалеку. Алудирајќи на појавувањата на Земан во јавноста за кои се тврди дека бил под дејство на алкохол, тој на Twitter постави фотографија на Рамбо со калашников проследена со текстот „Дали претседателот ќе биде кадарен самиот да го држи калашниковот или ќе најми некого тоа да го стори?“.

„Тоа е недостојно за еден претседател. Тој провоцира, создава поделби во општеството. Добар политичар тоа никогаш не би го сторил“, оценува Петр Фиала, претседател на Граѓанските демократи.

Премиерот Соботка изјавата на претседателот Земан ја оцени како „глупа и бескорисна“. Тој на Twitter напиша дека нема да реагира на неа и дека Чешка е „веројатно единствената земја на светот во која претседателот отворено повикува да се убие премиерот“.

Заман, исто така, беше изложен на силни критики поради неговите критики на односот на западните земји во украинската криза, за што го обвинуваат и дека има проруска ориентација.

Тој повеќепати јасно се изјаснуваше дека се противи на примањето бегалци и имигранти, особено муслиманите, во Чешка според европските квоти, наведувајќи дека тие ниту имаат намера да бараат азил во неговата земја, како и дека не може да се интегрираат поради културните разлики.

Неговиот став, според последната анкета по ова прашање направена кон крајот на декември, го поддржуваат 60 отсто од 10,5 милиони Чеси, кои се противат на прифаќањето на бегалците во нивната земја.