Италијански студенти убиле колега за да видат како е да убиеш некого

Голо тело на убиен италијански студент нашла полицијата во еден стан, во кој претходно имало забава на која се служело алкохол и дрога.

 Image

Лука Варани (23) бил убиен од двајца негови колеги, кои кога ги уапсила полицијата рекле дека сакале да почувствуваат како е да убиеш некого.

Мануел Фофо и Марко Прато, биле уапсени во саботата, откако полицијата го пронашла голото тело на Варани во спалната соба во еден апартман во сопственост на Фофо во Колатино, во околината на Рим.

Варани бил тортуриран, избоден и претепан со чекан, од двајцата студенти за време на дводневната забава во која се служело алкохол и кокаин.

„Сакавме да убиеме некого само за да го видиме ефектот што ќе го има врз нас“, вели 30-годишниот Фофо пред јавниот обвинител. „Заминавме со автомобилот една ноќ претходно, со цел да запознаеме некого. Но, тогаш ни текна на Варани, кој го знаеше еден пријател на Марко Прато“, признава Фофо, студент по право, кој му го признал убиството на неговиот татко,  кој, пак, го пријавил злосторството во полиција.

Во меѓувреме, Прато, сретнал мигрант во хотел близу плоштадот „Болоња“, кого планирал да го убие со барбитурати, јави  La Stampa. Дваесет и деветгодишникот сега е во болница, под надзор на полицијата.

„Не знам што направивме“, рекол вознемирениот Прато низ солзи.

Истражителите заплениле два кујнски ножа и еден чекан од станот во кој е извршено убиството.