Како да останете заедно?

Истражувачите открија дека пишувањето по три 7-минутни есеи годишно би можело да го подобри брачниот живот. Есејот треба да биде напишан од туѓ агол.

f31e88ef-97df-419d-9414-b1a662266c8e

Паровите кои сакаат среќен брак треба да ја завршат својата домашна задача.

Студијата покажала дека оние кои пишувале есеи изјавиле дека се задоволни со брачниот живот.

Малата домашна задача ги засилува љубовта, страста, интимноста, посветеноста и довербата, открива студијата. Се смета дека пишувањето есеи од гледна точка на аутсајдер им помогнал на испитаницита да го согледаат конфликтот со туѓи очи.

Истражувачите велат дека не сакаат да звучат како магионичари, но дека можат да се добијат прилично импресивни резултати со минимална интервенција.
Студијата открила дека брачното задоволство се намалува после првата година. Ако не ја работите домашната задача паѓа и во втората година, но кај оние кои пишувале есеи, задоволството е стабилизирано.
Ефектот не се одразил само на брачното задоволство туку и на страста и на сексуалната желба.

Затоа одвојте 21 минута годишно за оваа мала домашна задача, може да биде една од најдбрите инвестиции во вашиот брак.