Камерон нема да ја покрене процедурата за излез од ЕУ на самитот во вторник

 

Британскиот премиер Дејвид Камерон на самитот на ЕУ во вторник нема да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор, со што би требало и официјално да започне процедурата за излегувањето на Велика Британија од Унијата, изјавил анонимен европски претставни, пренесуваат светските агенции.

Image (14)

„Не очекуваме од Камерон пред лидерите на ЕУ да ги претстави резултатите од референдумот и да го активира членот 50 на самитот во вторник“, рекол изворот.

Камерон во петокот, неколку часа по објавените резултати на референдумот на кој Британците гласаа за излегување на земјата од ЕУ, најави дека ќе поднесе оставка која ќе стапи на сила во октомври, оценувајќи дека најдобро е постапката за излегувањето од Унијата да биде започната од страна на нова влада.

Европските лидери ја повикаа Велика Британија што поскоро да ја започне процедурата за излегување од ЕУ. „Прашањето околу тоа кога и како Велија Британија ќе ја напушти Унијата, најверојатно ќе биде покренато на заедничката вечера на лидерите на ЕУ во среда вечер, по официјалното соопштение на Камерон за исходот од референдумот“, навел неименуван европски претставник.

Лидерите на остантите 27 земји членки на ЕУ ќе се состанат на самит во Брисел со Камерон за да продискутираат околу последиците од кризата која настана поради излгегувањето на Британија од ЕУ.