Иран заплени два американски воени брода и зароби 10 маринци

Иранската револуционерна гарда заплени два помали американски патролни брода со десет членови на посадата, бидејќи навлегле во иранските територијални води.

Image

 

Наспроти тврдењата на Пентагон дека добиле уверување оти маринците ќе бидат ослободени, властите во Техеран велат дека станува збор за шпекулации.

 

Иранските власти наведоа дека американски носач на авиони постапил провокативно и непрофесионално откако иранската револуционерна гарда ги заплени бродовите.

 

Адмиралот Али Фадафи истакна дека американските војници биле уапсени без поголем отпор, но дека американската морнарица повеќе од 40 минути се однесувала непрофесионално.

 

Шефот на иранската револуционерна гарда вели дека маринците нема скоро да бидат пуштени, а најавите од Пентагон ги оцени како шпекулации.

 

Фадафи најави дека маринците ќе бидат испитани и дека Иран ќе „реагира како што треба“ ако дојде до заклучок дека бродовите влегле во иранските територијални води во рамки на шпионска мисија, а не случајно.

 

Пентагон потврди дека два брода кои се наоѓаа во перискиот залив завршиле во посед на Иран.

 

Најмалку десет членови на американската морнарица се задржани на островото фарси, кое е под раководство на иранската револуционерна гарда, се наведува во соопштението на Пентагон.