Одбиени жалбите за притворите што го бараше СЈО

Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, во четвртокот како несоновани ги одби жалбите на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, или попознато како Специјалното јавно обвинителство (СЈО), доставени против решение на судија на претходна постапка, со кое се одбива предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за неколку лица, меѓу кои и поранешнтие минситри за внатрешни работи и за транспорт и врски

Image

„Кривичниот совет составен од тројца судии по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството во кој како членови на совет учествуаа сите судии од Одделот за организиран криминал и корупција донесе решение со кое жалбите на обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за лицата Е.Т., М.Ј. М.П., и К.М., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува“, се наведува во соопштението на Судот.

Се додава дека постапувајќи по жалбите поднесени од обвинителството, советот почитувајќи го законски предвиденито рок донел решенија кои во текот на денот се писмено подготвени и испратени до странките. Против овие решенија не е дозволено право на жалба.

Жалбите на Специјалното обвинителство уследија откако судиите во претходна постапка, по маратонските испитувања во петокот и во понеделникот, ги одбија сите барања за одредување мерка притвор на осомничените, меѓу кои се и поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, како и актуелниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Oсомничени за изборни измами е и градоначалникот на македонската општина Пустец во соседна Албанија, Едмонд Темелко, кому му беше одредена мерка за претпазливост со којашто е обврзан еднаш седмично да се јавува во судот во Ресен. Слична мерка, но со налог да не контактира и да не им се приближува на одредени лица му беше одредена и на поранешниот секретар на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури. Останатите тројца осомничени, најверојатно, исто така, се поранешни членови на општински изборни комисии.

Специјалното јавно обвинителство претходно објави дека очекува Основниот суд Скопје 1 Скопје да одговори на нивните жалби до понеделникот вечерта. Од Судот, пак, предупредија дека по жалбите се постапува во рок од 48 часа од времето кога спротивставените страни ќе ги примат жалбите за одговор. Според Судот, жалбите во однос на одлуката на судијата на претходна постапка кои се доставени до суд, од страна на судијата на претходна, согласно Законот за кривична постапка (ЗКП) се испратени на одговор кај спротивставените страни.