ПССЕ избира судија од Македонија за Европскиот суд за човекови права

Стразбур, 11 октомври, 2016 – 11:21 (META) 
european_court_of_human_rights

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска ќе се гласа за избор на судија од Македонија за Европскиот суд за човекови права.

Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа, попладнево ќе треба да изберат меѓу Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звоимир Јанкуловски.

Претходно Комисијата за избор на судии при ПССЕ, ги разгледа кандидатурите и имаше разговори со кандидатите од Република Македонија, по што до останатите членови на ПССЕ, со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска. Звонимир Јанкуловски, не доби препорака од Комисијата на ПССЕ.

Гласањето ќе се одржи околу 17 часот, а судијата кој ќе седне во Европскиот суд за човекови права треба да биде избран со апсолутно мнозинство. Доколку ниту еден од кандидатите не добие апсолутно мнозинство, вториот круг од гласањето ќе се одржи утре.