Шарената револуција продолжува на крстосниците во Скопје

Огранизаторите на Шарената револуција во Скопје, секој ден одбројуваат до истекот на рокот  кога Уставниот суд треба да се произнесе за уставноста на новоформираната институција Специјално јавно обвинителство, а тоа го прават на креативен начин, со испишување бројка заокружена со разни бои, пред најважните институции, или на мостот кој води кон јавното обвинителство.

Image (11)

Место стандардните протести секој ден во 18 часот пред СЈО, демонстрантите почнаа со герила акции, чиј интензитет варира во зависност од тоа како ќе одговори властa на поставените барања на граѓаните.

Така за вторник планот еда се блокираат улици во Скопје, а се уште не е познато кои улици и крстосници и во колку часот ќе бидат блокирани, што дополнително ќе најават.

До сега два пати беа блокирани крстосниците кај Црвен крст, Соборен храм и кај Судска палата, во 12 часот на пладне во траење од еден час.

„Претстојните герилски акции ќе бидат со цел да се блокира и да се онеспособи системот што го брани режимот. Очекуваме и ги повикуваме граѓаните масовно да се приклучуваат во протестите и акциите- Претстојните герилски акции ќе бидат со цел да се блокира и да се онеспособи системот што го брани режимот. Очекуваме и ги повикуваме граѓаните масовно да се приклучуваат во протестите и акциите, кои ќе се организираат тековно и ќе заземаат најразлични облици во зависност од тоа како ќе се однесува владата“, најавуваат активистите.

Барањата на активистите, за кои поставија рок да бидат исполнети до 18 јуни, се Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да запре прогонот врз демонстрантите, да се ослободат досега приведените од Шарената револуција и да се повлечат кривичните пријави од МВР.

Покрај овие две итни барања за кои поставија рок, граѓаните бараат и оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, формирање преодна влада која ќе создаде услови за фер избори, формирање специјално одделение во Кривичен суд за случаите под јурисдикција на СЈО, вклучување претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, кризата да се решава на територијата на Република Македонија и оставка на претседателот Ѓорге Иванов.