WEF: Биотехнологијата и 3Д печатењето за пет години ќе укинат пет 5 млн работни места

Новата индустриска револуција ќе му донесе на светот напредок во областа на тридимензионалното печатење и биотехнологијата, но исто така ќе поттикне и укинување на пет милиони работни места во следните пет години, покажува извештајот објавен пред неформалното собирање на политичките и финансиски челници во швајцарски Давос.

Image
Таканаречената четврта индустриска револуција ќе „предизвика во следите пет години длабински пореметувања не само во деловните модели, туку и на пазарите на трудот“, објави Светскиот економски форум (WEF) во текот на претставувањето на извештајот, подготвен за овогодишниот неформален собир на политичките и деловни лидери во швајцарското монденско зимувалиште Давос, кое годинава се одржува од 20-ти до 23-ти јануари.

Главната движечка сила на првата индустриска револуција беше парната машина, втората ја предводеа електричната енергија и подвижните ленти, третата електрониката и роботиката, додека во четвртата економијата ќе се преобрази во низа нови трендови, вклучително и „паметните“ и центрите за податоци.

Воедно таа преобразба ќе резултира „… нето загуба повеќе од пет милиони работни места во 15-те водечки развиени и економии во развој“, констатира WEFпо анализите на потенцијалното влијание на новите технологии на американското, германското, француското, кинеското, бразилското и другите стопанства.

Се проценува дека вкупно би можеле да бидат загубени 7,1 милион работни места, главно во истражувањето и развојот, како и во управувањето, а би требало да бидат отворени 2,1 милион места, во прв ред во областите на информатичкото инженерство и математиката.

„Доколку денес не се преземат итни насочени мерки во управувањето со преодниот период, и доколку не се формира работна сила чиишто вештини ќе бидат барани и во иднина, владите ќе мора да се справуваат со сé поголемата невработеност и со сé подлабоката нееднаквост, а компаниите со сé помалата база на потрошувачи“, предупредува во соопштението извршниот претседател на WEF, Клаус Шваб.

Едно друго засебно истражување, пак, покажало дека на ударот на споменатите промени ќе се најдат жените, коишто би можеле да трпат „несразмерно негативни последици“.

Иако губењето на работните места ќе биде релативно рамномерно распоредено на двата пола и мажите ќе сочинуваат 52 отсто во очекуваната нето загуба од 5,1 милион работни места, тие дефакто сé уште доминираат на пазарот на трудот, па 48-процентниот удел на жените во губењето на работните места ќе биде релативно поголем отколку нивниот удел на пазарот на трудот, покажува истражувањето.

Дополнителен проблем претставува тоа што жените се послабо застапени во техничките професии во коишто ќе бидат отворени новите работни места, забележуваат авторите на истражувањето.