Кафе-бар „Чао“ казнет за бучава

Кафе барот „Чао“ во Градскиот трговски центар во Скопје е парично казнет поради прегласна музика, соопштуваат од општина Центар.

Image

„Општина Центар, по барање на граѓаните, континуирано ја проверува бучавата од кафе-баровите и кафеаните, кои се наоѓаат на нејзина територија.
Инспекциските служби извршија редовен надзор и констатираа дека максимално дозволеното ниво на бучава од 45 децибели, по 23 часот, за двојно го надмина кафе-барот “Чао““, соопштуваат од Општината.

Надлежните издале платен налог за глоба од 500 евра за правното лице и 150 евра за одговорното лице. Доколку кафе-барот “Чао“ не ја плати казната, ќе се поднесе кривична пријава.