Кои парови најчесто изневеруваат?

Се повеќе млади парови не можат да се сложат дали нивната врска ќе биде моногамна или пак ќе се гледаат со други луѓе без разлика дали се во врска, тврди новото истражување.

couple-caught-in-bed

 

Студијата спроведена на Универзитетот во Орегон испитувала парови на возраст од 18 до 25 години, од кои 40% изјавиле дека моногамијата не е за нив. Интересно е што мнозинството парови кои договориле моногамна врска, признаваат дека го прекршиле тој договор со тоа што одржувале сексуални контакти со други, зад грб на партнерот.

Венчаните парови и оние со деца се склони на моногамни односи, покажува истражувањето. Научниците тврдат дека заветот кој на некој начин може да ја гарантира верноста во врската ги намалува шансите за излети зад грбот на партнерот. Помала обврска кон врската ја намалува желбата личноста да биде верна на партнерот и во најголем број случаи верноста не е одржлива.

Исто така, на одлуката да се изневери партнерот или на поголемиот дел влијае и начинот на кој чичноста гледа на врската со партнерот. Доколку врската се смета за тајна, ги намалува шансите трета личност да се вмеша во врската.