Кои се негативните последици од непроспиените ноќи?

sleep

1. Подепресивни сме

Истражување од 2008 година открило дека оние кои спијат помалку од 6 часа, наредениот ден се чувствуваат подепресивни, а кај нив е забележано и повисоко ниво на стрес.

2. Јадеме повеќе и понездрава храна

Како реагираме кога наместо осум часа, спиеме само половина од тоа? Наредниот ден консумираме 560 калории повеќе од вообичаено и тоа најчесто одбираме масна и нездрава храна. Тоа значи дека ако честопати спиете малку, повеќе јадете и поголеми се шансите да ви се зголеми тежината.

3. Изгледаме лошо и тажно

Во две одделни истражувања направени во Универзитетот во Стокхолм, се споредувани фотографии од испитаници кои биле будни нешто повеќе од 30 часа, со други фотографии од луѓе кои минатата вечер спиеле 8 часа. Испитувачите притоа сосема се сложиле дека луѓето кои немале спиено изгледале помалку атрактивни, а во другиот експеримент биле опишани како тажни луѓе, кои очигледно ги мачат некакви проблеми.

4. Не сме расположени за друштво

Недостатокот од сон прави да се чувствуваме како да не сме им пожелно друштво на другите луѓе, поради што се чувствуваме вознемирено. Интересен е податокот дека мажите кои не спијат доволно, честопати помислуваат дека други жени сакаат да спијат со нив.