Копа Америка: Чиле во финалето против Аргентина – видео

Фудбалската репрезентација на Чиле ја победи Колумбија со 2-0 и се пласира во финалето на Копа Америка Сентенарио. Чиле, кој ја брани титулата, во финалето ќе игра против Аргентина.

Image

Чилеанците против Колумбија одиграа фуриозни 15 минути во кои ги постигнаа двата гола. Арангус го постигна првиот гол во седмата минута, а четири минути подоцна Фуензалида го постави конечниот резултат.

Успехот на Чиле е уште погоден, бидејќи во полуфиналето не играа суспендираниот Артуро Видал и повредениот Марсело Дијаз.