Тјери Анри: Арсенал не е повеќе атрактивен клуб за играчите…

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Тјери Анри е загрижен за летниот преоден рок на „топчиите“,  а швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е единственото звучно засилување за тимот од „Емирати“. Иако тимот претходно беше пред ангажман на Варди и Махрез од Лестер, до такво нешто не дојде, а Анри смета дека Арсенал не е повеќе привлечен за играчите.

anri-55-615x400

„Варди го одби Арсенал, и сигурно за такво нешто имало причина. Истото се случи и со Махрез, кој како и Варди ја продолжи соработката со Лестер. Не знам што се случува во клубот, но мислам дека Арсенал не е повеќе атрактивен за привлекување на играчите“ – истакна Анри.

Французинот ги бранеше боите на Арсенал од 1999 година до 2007 година и за тој период настапи на вкупно 369 натпревари, и постигна 226 погодоци. Анри имаше свој краток кам-бек на „Емирати“ во сезоната 2011/2012, а кариерата ја заврши во дресот на Њујорк Ред Булс во декември, 2014 година.

ekipa.mk