Пет медали на кик боксерите за крај на 2015 година

Кик боксинг федерацијата на Македонија  со успешниот настап на Eвропскиот куп „Хрватска опен 2015“, кој се одржа во неделата во Загреб, ги заврши своите активности за оваа година.

Image

На Европскиот куп кик боксерите од кик бокс клубот „Гладијатор“ од Штип освоија пет медали (три сребра и две бронзи).

Сребрени медали  освоија:

-Викторија Варадинова -60кг кик лајт во борбата за злато изгуби на поени од Амина Шехич од БиХ

-Стефан Сандев -63кг кик лајт во борбата за злато изгуби на поени од Иван Хорват од Хрватска

-Ѓоше Ѓошев -47кг кик лајт во борбата за злато изгуби на поени од Стјепан Седак од Хрватска

Брозени медали освоија:

-Викторија Варадинова -60кг лајт контакт

-Столе Јордановски +94кг кик лајт

На купот во Загреб учество земаа 550 спортисти од 8 земји и 77 клубови.