Леброн и Ирвинг за историја – видео

 

Кошаркарите на Кливленд славеа над Голден Стејт со 112-97 во петтиот меч од финалната серија и го намалија резултатот во серијата на 3-2.

Image (8)

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг не дозволија Голден Стејт да слави и да ја одбрани титулата, овие двајца постигнаа по 41 поен. Ова е прв пат во историјата на финалните натпревари двајца играчи од ист тим да постигнат повеќе од 40 поени на еден натпревар.

Инаку Кливленд, во финишот на мечот ја обезбеди победата, користејќи ги грешките на Голден Стејт, чии играчи се потпираа на шутот за три поени.

Џејмс мечот го заврши со 41 поен, 16 скокови и седум асистенции, што е прв ваков учинок во плеј оф историјата, Ирвинг постигна 41 поен и запиша шест асистенции.

Во тимот на Голден Стејт, Клеј Топмпсон постигна 37 поени, Стеф Кари додаде 25, а Игудала оствари „дабл-дабл“ од 15 поени и 11 скокови.

Финалната серија се враќа во Кливленд, шестиот меч ќе се одигра ноќта помеѓу петок и сабота.

макфакс