Чикаго ги задржа шансите за пласман во плејофот

Чикаго остана во трката за пласман во плејофот во Источната конфереција, откако со пресврт, забележа победа во Хјустон 103:100. Изминатата ноќ, дербито го одиграа Оклахома и ЛА Клиперс, а славеа домаќините 119:117.

Image

Крилниот центар на Чикаго, Никола Миротиќ со 28 поени го предводеше тимот до 38-та сезонска победа. Чикаго заостануваше се до средната на последната чевртина кога направија целосен пресврт и стигнаа до значајна победа.

Чикаго има скор 38-37, а Индијана која се наоѓа на осмата позиција на Истокот има 39 победи и 36 порази. До крајот на регуларниот дел од сезоната двата тима ќе одиграат уште по седум натпревари.

Индијана загуби од Орландо 94:114. Пол Џорџ кај домаќинот уфрли 28 поени, додека Орландо го предводеа Еван Фурние со 25 и Никола Вучевиќ со 24 поени.

Најдобриот тим во Источната конференција без поголеми проблеми славеше над Бруклин, тим кој има скор 21-54. Кливленд победи со 107:87.

Стивен Адамс ги постигна последните поени во дербито помеѓу Оклахома и ЛА Клиперс, со кои домаќинот славеше 119:117. Адамс мечот о заврши со 13 поени и шест скокови. Оклахома ја предводеа Кевин Дурент со 31 поен и Расел Вестбрук со 26 поени, 11 асистенции и осум скокови, додека кај Клиперси Џамал Крафорд и Остин Риверс реализираа по 32 поени.

Резултати: Кливелнд-Бруклин 107:87, Хјустон-Чикаго 100:103, Индијана-Орландо 94:114, Њу Орлеанс-Денвер 101:95, Оклахома-ЛА Клиперс 119:117, Портланд-Бостон 116:109.