Познат списокот на Шведска за ЕУРО 2016

 

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Ерик Хамрен, ги објави имињата на 23-та фудбалери кои ќе ја преставуваат оваа земја на Европското првенство во Франција.

Image (5)

Шведска на теренот ќе ја предводи Златан Ибрахимовиќ, најдобриот играч и стрелец на ПСЖ, а од поискусните играчи селекторот смета и на голманот Исаксон, односно Калстром, Ларсон, Берг и Лустинг.

Репрезентацијата на „Трите круни“, на Европското првенство се наоѓа во силната Е група, заедно со Белгија, Италија и Република Ирска.

Голмани: Исаксон (Касимпаша), Олсен (Копенхаген), Калгрен (АИК Стокхолм)

Одбрана: Аугустинсон (Копенхаген), Јохансон (Копенхаген), Лустинг (Селтик), Јансон (Торино), Линделоф (Бенфика), Гранквист (Краснодар), Олсон (Норич)

Среден ред: Дурмаз (Олимпијакос), Ларсон (Сандерленд), Екдал (Хамбург), Хиљемарк (Палермо), Вернблум (ЦСКА Москва), Зенгин (Трабзон), Левицки (Малме), Форсберг (Лајпциг), Калстром (Грасхоперс)

Напад: Ибрахимовиќ (ПСЖ), Гуидети (Селта), Берг (Панатинаикос), Кујовиќ (Норкопинг).

макфакс