Кривична пријава за судија од Охрид, вработена во катастар и уште три лица

Поради постоење основи на сомнение за повеќе сторени казнени дела, СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица: 61- годишна охриѓанка, вработена во одделението за катастар на недвижности Охрид, против едно засега непознато лице вработено во општина Охрид, 56- годишно лице од Биџево и 58- годишен адвокат од Струга,  како и против 56- годишен судија од Охрид.

Image

Првопријавената во месец Јануари 2007 година како службено лице, референт за катастарски работи во одделението за катастар на недвижности Охрид, искористувајќи ја службената положба и овластување, свесно во компјутерскиот систем на одделението за катастар на недвижности Охрид, без правен основ внела невистинити податоци за сопственост на имот од кафетерии во Охрид со намера лице од село Лескоец да се стекне со незаконски запишано право на сопственост, со што предизвикала невистинит резултат при преносот на овие податоци. Во негова корист, пријавената од компјутерските евиденции на одделението за катастар и недвижности Охрид испечатила, и со свој потпис и печат заверила имотен лист иако знаела дека податоците во имотниот лист се невистинити и запишувањето на сопственоста е без правен основ.

Второпријавеното, засега непознато лице вработен во општина Охрид, во периодот јули 2007 година до мај 2015 година, искористувајќи ја службената положба и овластување од архивата на општината Охрид-Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, свесно, бесправно и неевидентирано изнесол градежна проектна документација која се однесува на кафетеријата , заедно со одобрение за градење од лицето од Лескоец чие чување е од трајна вредност и надлежните органи се должни да ја чуваат.

Третопријавениот и четвртопријавениот заедно сториле едно кривично дело „договор за извршување кривично дело“. Во 2015 година во Основен суд Охрид спротивно на укажувањата и заклучокот од Министерството за транспорт и врски Скопје истите започнале парнична постапка спрема лицето од Лескоец, граѓанска постапка со цел утврдување на право на сопственост на објектот кафетерија . Со незаконско стекнување на правен основ-пресуда, со чие спроведување во одделението за катастар на недвижности Охрид, лицето од Биџево ќе можело да се стекне со право на сопственост и добие имотен лист за целиот објект- кафетерија и покрај тоа што делови од истиот објект во површина од 189м2 биле со евидентен лист, како бесправна градба и предходно опфатени во постапка за легализација во Министерството за транспорт и врски Скопје и за истите бил донесен Заклучок за запирање на постапката).

Лицето од Биџево и неговиот адвокат, со петтопријавениот-како судија во Основен суд Охрид задолжен да решава по овој предмет, се договориле, а судијата прифатил да изврши кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој на 27.02.2015 година донел незаконска пресуда во корист на лицето од Биџево со која се усвојува неговото тужбено барање. Третопријавениот и четвртопријавениот заедно сториле и едно кривично дело „поднесување лажни докази“. Тие, иако знаеле дека донесената пресуда е предмет на кривично дело, на 18.03.2015 година, ја употребиле како лажен доказ за упис на право на сопственост и без да приложат потребна градежно техничка документација, ја доставиле за спроведување и упис во управна постапка во одделението за катастар на недвижностите во Охрид. Петтопријавениот, судијата сторил едно кривично дело „договор за извршување кривично дело“ и едно кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој по предходен договор со трето и четвртопријавениот, донел инкриминирана пресуда со која лицето од Биџево без парнична постапка, бесправно да се стекне со правен основ за добивање на имотен лист и за останатите бесправно изградени делови од кафетеријата. Незаконитостите при издавање на имотниот лист се констатирани и од страна на Агенцијата за катастар на недвижности Скопје.