Ларвик четвртфинален противник на ЖРК Вардар

Ракометарките на Вардар, третиот настап во низа на завршниот турнир во Лигата на шампионките, ќе треба да го обезбедат во двомечот против норвешки Ларвик.

Image

Фазата по групи во Лигата на шампионките заврши во неделата, кога табелите во двете групи го добија конечниот изглед.

Вардар, во Групата 2, го освои третото место, зад Будуќност и Ѓер, а пред ЦСМ Букурешт, додека во Групата 1, првото место го освои Ростов, пред Ларвик, Ференцварош и Баја Маре.

Според пласманот во групите, во четвртфиналето ќе играат: ЖРК Вардар-Ларвик, Ференцварош-Ѓер, Баја Маре-Будуќност и ЦСМ Букурешт-Ростов.