Реми во Париз, Волфсбург го нокаутира Реал

ПСЖ и Манчестер Сити ремизираа 2:2, додека Волфсбург успеа да го изненади Реал Мадрид и да победи со 2:0, во првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите.

Image

ПСЖ против Сити имаше повеќе шанси, еден нереализиран пенал и погодена статива, но не упспеа да победи. Дуелот на две врвни екипи го одбележаа катастрофалните грешки, по кои беа постигнати три од четирите гола.

Џо Харт му одбрани пенал на Ибрахимовиќ во 17.минута, а неколку минути подоцна шведскиот репрезентативец, по грешката на Отаменди, излесе сам пред голамнот на Сити, но биеше над голот.

Промашувањата на Ибрахимовиќ ги казни Де Брујне во 38.минута. На голот му претходеше грешка на Рабио на срдината од теренот по која Сити отвори контра.

Три минуит подоцна Ибрахимовиќ израми по катастрофалната грешка на Фернандо. Домашниот тим направи целосен пресврт во 59.минута, кога Рабио беше на вистинското место.

По водството Сити ја презеде контролата врз играта, што му донесе израмнување, кое дојде како плод на заедничката грешка на Орие и Силва, а егзекутор беше Фернандињо.

Волфснург се мачи во Бундеслигата, речиси ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите, но тоа не му пречеше да го надигра Реал. Играчите на „кралскиот клуб“, кои во саботата одиграа брилијантен тактички меч и славеа во Барселона, го потценија противникот и тоа им донесе пораз од два гола.

Родригез од пенал во 18-та и Арнолд во 25-та минута му ја обезбедија победата на Воилфсбург.

Инаку голот кој го прими Кејлор Навас во 18-та минута беше прв по 738 минута во Лигата на шампионите.

Реванш натпреварите во Манчестер, односно Мадрид ќе се одиграат на 12.април.