Месечен хороскоп – Март

zodiac-signs02

Овен

Сакате работа во која до израз доаѓаат вашите организациони способности. Вешто го користите досегашното искуство и успевате да се наметнете во ситуации кога се решаваат значајни деловни интереси. Сочувајте ја присебноста на духот и промисленоста, за да можете на најдобар начин да ги решите дилемите поврзани со новите проекти. Ако не се снаоѓате баш најдобро, послушајте ги советите од искусните пријатели. Пријатните емоции, знаците на внимание и нежност влеваат позитивен импулс во вашето расположение. Задоволни сте со својот емотивен живот и со односот на партнерот. Атмосферата на љубов, искрената размена на чувства и блиските контакти, имаат особено значење кое ве поттикнува на акција. Сè е лесно кога ќе се состават љубовните коцки. Ви годи сентименталната нота која партнерот ја внесува во заедничкиот живот. Моментите на романтика и зовриени страсти делуваат како посебен предизвик.Внимавајте на повреди, воспалителни инфекции, особено на мочните патишта.

Бик

Поттикнати со добри идеи, ќе ширите добро расположение, а вашиот ентузијазам ќе има позитивно влијание и на вашето опкружување. Внимателно проценете ги новите понуди и добро размислете пред да донесете важна одлука. Периодот кој следи е поволен за полагање испити, усовршување или преквалификација, но не и за почнување нови долгорочни бизниси. Што се однесува до финансиите, ќе бидете во можност да ја зголемите заработувачката и да решите некои имотни прашања. Бидете внимателни, нагласените страсти и зголемените емоции може да ве наведат на погрешна одлука. Потрудете се да ги надминете своите слабости. Партнерот очекува ваша искрена приврзаност и одобрувања. Ако сте млади или слободни, повеќе ќе бидете заинтересирани за неформални или слободни контакти, отколку за емотивно врзување. Имате впечаток дека некој нема доволно слух за вашите емотивни потреби. Избегнувајте стресни ситуации и не брзајте никаде.

Близнаци

Чувствувате прилив на креативна енергија и потреба потполно да ги остварите вашите цели или интереси. Ситуацијата на деловната сцена најчесто ја проценувате врз основа на своите амбициозни визии и не можете да се задоволите со просечни резултати. Ако правилно сте ги сфатиле основните правила за деловна соработка, бидете коректни и придржувајте се до зацртаните или некои потврдени професионални норми. Вашите способности за добро забележување како и вештината на брзо прилагодување кон нови услови, ќе бидат наградени. Ако сте млади или слободни, искористете ги своите адути на заводник, но сочувајте ја и вистинската мерка на вкус. Испрочитувајте ги потребите или чувствата и на другиот во онаа мерка, колку што е неопходно за заедничко задоволство и уживање. Немојте да го оптоварувате црниот дроб и жолчката со мрсна храна.

Рак

Потрудете се да го подобрите својот статус во деловното опкружување. Нема потреба да го заострувате односот со одредени соработници или да влегувате во ривалски односи. Времето ќе покаже дека имате подобри деловни решенија за спроведување на заедничките интереси. Во периодот по први март ве очекуваат низа корисни средби кои најавуваат добра перспектива во работата со која се занимавате, или нови договори за слична работа. Пред вас е поволен период за јавен настап како и докажување на професионалните способности. мислувате за своите постапки и нечии коментари и внимателно го анализирате однесувањето на партнерот за да ја ускладите заедничката слика. Треба да ја надминете емотивната криза или несогласувањето со саканата личност. Умереноста е доблест, секоја одлука треба да се одмери. Во љубовта како и во животот воопшто, доброто со добро се враќа. Контролирајте го апетитот ако не сакате подоцна да се борите со вишок на килограми и масни наслаги.

Лав

Потрудете се да воспоставите подобра селекција и нови критериуми на вредности при изборот на цели. Кон крајот од месецот нагласени се разни средби или контакти со странство Ќе ве следи „факторот на среќа“, па покажете дека имате добра волја и талент за креирање на долгорочен успех. Можно е вашите ненадејни успеси да предизвикаат завист од опкружувањето, затоа бидете внимателни и не раскажувајте наоколу за своите планови. Неопходно е да внимавате со парите, почнувајќи од ситните познајници, па сè до сериозните инвестиции. Чувствувате зголемена страст и желба да остварите хармоничен однос. Со својата појава и стил на изразување умеете да ја шармирате околината, ви годи нечија емотивна наклонетост и внимание. На личноста која ви се допаѓа јасно и давате до знаење дека посакувате необична и возбудлива љубовна романса или страсна врска. Во согласност со својот темперамент или емотивниот статус, одговорете на најубавиот љубовен предизвик. Внимавајте на повреди на зглобовите на долните екстремитети, особено на колената.

Девица

Чувствувате креативна енергија, но во исто време се борите со силни фрустрации. Сакате да го подобрите својот деловен статус. Покрај добра волја и знаење, за успех треба и трпение. Прашањата на деловна организација и доверба во одредени соработници, бараат добро да размислите, пред да одлучите за конкретни одговори и приоритети. Немојте да дозволите да ве вознемируваат некои споредни случувања. Импулсивната реакција може да ве наведе на погрешна проценка и однесување. Нема потреба да губите време размислувајќи за некои неостварени или лоши ситуации од вашето љубовно минато. Научете да го цените она што го имате и да уживате во сегашниот момент. Партнерот внимателно го анализира вашето однесување и очекува поддршка за заедничките планови. Покажете колку ви значи вашиот однос, немојте да ги штедите емоциите. Ако сте млади или слободни, ви престои нова љубовна романса. Зајакнете го имунитетот за да се заштитите од вирусни инфекции.

Вага

Потрудете се да завршите поголем дел од обврските во периодот по седми март. Загрижени сте поради деловниот статус и не сакате да се помирите со актуелната ситуација. Барате поефикасен начин за делување со намера да ја унапредите својата деловна позиција, но многу прашања остануваат без одговор. Соработниците ви забележуваат дека лесно поминувате преку деловните понуди и не ги цените туѓите мислења. Периодот генерално е рестриктивен и тешко е да се добие сè што ќе се замисли, или дури сè што би требало да следи за еден стабилен договор. Имате впечаток дека саканата личност вешто користи обиколен пат за да ги оствари своите намери, што дополнително го поттикнува вашето емотивно незадоволство. Во решавањето на љубовните дилеми добрата волја, нежноста или вниманието, преставуваат најдобриот одговор на разните замки од заедничкиот живот. Љубовната романса треба внимателно да се негува, без взаемна искреност и размена на чувства таа ја губи својата сила и значење. Правете вежби, одморете се и избегнувајте стресни ситуации.

Скорпија

Наместо што сонувате, подобро би било што побргу да се фатите за работа и да ги намалите натрупаните обврски. Барате поефикасни решенија во деловното изразување, но постојат околности кои не зависат од вашата волја или влијание. Соработниците ви забележуваат на извесно самоволие при донесувањето на деловни одлуки. Одбивате да ги слушнете критиките и најчесто се раководите од личните проценки. Потрудете се во периодот од единаесетти март да решите некои имотни или статусни прашања. Првиот впечаток многу зборува за вашето расположение и намери. Од време на време делувате како вашиот емотивен интерес за одредена личност да не е од траен карактер. Не сакате да се оптоварувате со емотивно врзување и смислувате разни изговори за да го оправдате своето однесување во некои деликатни ситуации. Сепак, некој кај вас поттикнува топли чувства и ве наведува на заеднички планови. Ви импонира сознанието дека сте на мета на многу погледи од спротивниот пол. Немојте да се спречувате да ги изразите своите чувства и желби. Водете сметка за превентивата.

Стрелец

Ви престојат успешни резултати во работа која подразбира одреден степен на ризик или лидерска улога. Научете правилно да се заштитите од лошото влијание кое го нарушува вашиот деловен статус. Нема причина за лажна скромност и професионална несигурност. Кон крајот од месецот, можна е краткотрајна финансиска криза што дополнително ќе ве мотивира да прифатите и некои нови деловни комбинации. Ќе бидете во недоумица што понатаму. Разговорот, добронамерните совети или поддршката од блиските пријатели, ќе делуваат позитивно на вашето расположение. Емотивните дилеми ќе ги решите дури кога ќе се искристализираат чувствата. Привременото оддалечување од саканата личност треба да ве поттикне за добро решение. Нема потреба да го заострувате љубовниот однос, покажете повеќе разбирање за својот партнер и задоволството ќе биде взаемно. Чувајте се од настинки.

Јарец

Важно ви е да се дистанцирате од јавните расправии и да ги заштитите своите интереси, но околностите не секогаш ви одат од рака. Често превземате активна улога при донесувањето на важни одлуки во врска со финансиските инвестиции. Потрудете се да ги завршите сите поголеми обврски во периодот до крајот од месецот. Немојте да дозволите некој да ве кочи или да ги оспорува вашите цели. Ви недостасува нечие разбирање, имате впечаток како да се оддалечувате од некој кој многу ви значи. Дојде време искрено да разговарате и отворено да ги преиспитате заедничките планови. Важно е да ги коригирате своите грешки, сè може да се поправи и да се разубави под услов да верувате во своите чувства. Ако сте млади или слободни, голема е веројатноста да чувствувате емотивна несигурност, па вашето внимание ќе го привлечат личности кои инаку можеби не би сте ги ни забележале. Чувајте се од настинки и вирусни инфекции кои може да делуваат на срцето.

Водолија

Од време на време чувствувате недостаток на концентрација или креативен умор, но тоа е фаза која ќе помине, во исчекување на подобри понуди или услови за работа. Немојте да се двоумите пред новите професионални предизвици, но пред донесување на важни одлуки разговарајте со соработниците во кои имате доверба. Чувствувате емотивна несигурност и потребно ви е саканата личност да ве увери во нејзините добри намери. Имате своја визија за потрага по вистината, но не и доволно сила да се соочите со емотивното разочарување. Се обидувате да рационализирате некои ситуации и не сакате да се сопнувате од старите проблеми. Не ви се допаѓа сознанието дека партнерот самостојно одлучува за заедничките планови. Избегнувајте ги конфликтите со блиска личност за да ја сочувате енергијата и психолошката рамнотежа. Внимавајте на исхраната и избегнувајте стресни ситуации.

Риби

Важно ви е да ја подобрите финансиската состојба, но мора претходно да исполните одредени услови. Нема потреба да го заострувате односот со соработниците или со личноста која има големо влијание на вашето деловно опкружување. Направете сè што можете за да го сочувате добриот однос со деловните партнери. Бидејќи вие сте личност која води сметка и за материјалните интереси, тешко можете да се помирите со ситуација кога некој ја ограничува вашата потреба за поширока афирмација. Чувствувате внатрешен немир и потреба за интензивна размена на нежности. Немојте да дозволите некој да го наруши вашиот интимен свет или да го комплицира вашиот однос со партнерот. Помеѓу вас и саканата личност постојат разни недоразбирања, но тие можат да се надминат со добра волја. Чувајте се од повреди.