Меј вo среда на средба со Меркел, вo четврток со Оланд

tereza-mej-3
Лондон, 18 јули, 2016 – 13:51 (META) 

Новоизбраната премиерка на Велика Британија, Тереза Меј, и германската канцеларка Ангела Меркел в среда ќе се сретнат во Берлин.

Портпаролот на Меј изјави дека на средбата ќе биде разговарано за начинот на заедничка работа во пресрет на подготовките на Велика Британија за напуштање на Европската Унија и додаде дека тоа ќе биде нејзина прва официјална посета на друга држава.

И портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт, ја потврди посетата на британската премиерка.

– Политичките случувања во Турција, прашањата со бегалците, како и Брексит ќе бидат во фокусот на разговорите – соопшти Зајберт.

По посетата на Берлин, в четврток Меј ќе допатува во Франција, каде ќе се сретне со францускиот претседател Франсоа Оланд.