Мињоле го однесе Ливерпул во финалето на Лига купот

Ливерпул ќе игра во финалето во англискиот Лига куп, откако во полуфиналниот двомеч излезе како поуспешен од Стоук. Реваншот на „Енфилд“ беше решен по изведувањето на пенали, а Ливерпул во финалето го однесе голамнот Мињоле.

Image

Екипата на Јирген Клоп полуфиналниот реванш на свој терен го започна со предност од 1:0, која ја стекна на првиот меч, но на крајот пенали решаваа околу атникот во финалето.

Стоук одигра одличен натпревар на „Енфилд“, ги држеше конците на играта во своја рака и во финишот на првото полувреме, со голот на Арнаутовиќ успеа да ја налуриа предноста на Ливерпул.

‘Црвените’ во текот на целиот меч не сторија сериозна шанса за гол, а пласман во финалето на Стоук можеше да му донесе Ван Гинкел, но неговиот удар во 104.минута заврши во дирекот.

Во пенал серијата двата тима не резлизираа по еден пенал, во втората серија Мињоле му го одбрани ударот на Каруч, а Емре Чан го погоди дирекот. Решавачка беше седмата серија, најпрвин Мињоле го одбрани ударот на Муниеса, а потоа Џо Ален погоди за пласман на Ливерпул во финалето.

Финалето на Лига купот ќе се одигра на 28.февруари, а противник на Ливерпул ќе биде подобриот од полуфиналениот двомеч помеѓу Манчестер Сити и Евертон.