Јувентус гази кон шампионската титула

Екипата на Јувентус го продолжи шампионскиот танц, откако успеа да победи во уште еден дерби меч. Јуве, во „Derby d`Italia“, со 2:0 го совлада Интер и го отпиша тимот на Манчини од борбата за титулата и максимално му го отежна патот до третото место кое води во Лигата на шампионите.

Image

Јувентус е лидер на табелата со 54 бодови, четири повеќе од Наполи, кој има и меч помалку. Наполи, во понеделник (21 ч), во уште едно дерби на ова 27 коло, ќе гостува кај Фиорентина.

Јувентус одигра добар меч, особено избраниците на Алегри доминираа во првото полувреме, кога Хандановиќ ги одбрани ударите на Ернанес, Дибала и Манџукиќ.

Резултатот го отвори дефанзивецот Бонучи во 49.минута, кога во гол го претвори подарокот на Дамбросио. Конечниот резултат го постави Мората на шест минути до крајот, Шпанецот најпрвин избори пенал, а потоа беше прецизен од ’белата точка’.