Белгискиот голман Симон Мињоле го продолжи договорот со Ливерпул на уште пет години, што значи дека на Енфилд ќе остане до 2021 година.

„Задоволен сум што и во иднина ќе останам на Енфилд. Знам дека со новиот договор доаѓа и нова одговорност. Сакам да ја превземам таа улога, сакам да бидам лидер на овој тим. Полека созревам и влегувам во години кои се најдобри за голманите“, рекол Мињоле.
Белгискиот репрезентативец во Ливерпул пристигна во јуни 2013 година од Сандерленд, во досегашната кариера за ‘црвените’ има одиграно 122 натпревари.