Јувентус последен полуфиналист во италијанскиот Куп

Фудбалерите на Јувентус се изборија за полуфинален дуел со Интер во полуфиналето на италијанскиот Куп, откако во четвртфиналето со минимален резултат го совладаа Лацио.

Image

Играчите на Јувентус во целост доминираа на теренот на „Олимпико“, во Рим, а од тежок пораз Лацио го спаси голманот Бериша. Лацио, во текот на целиот натпревар, не успеа да упати ниту еден удар кон голот на Нето.

Победникот го реши екс играчот на Лацио, Стефан Лихштајнер кој постигна гол во 66.минута од натпреварот.