Многу топло, попладне умерено облачно

Во среда времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Image (6)

Утринската температура се движи од 14 до 21, а дневната ќе биде во интервалот од 30 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура е околу 19, а дневната до 36 степени.

До сабота времето ќе биде претежно стабилно и топло. Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од денешните, но во Повардарието сепак ќе се задржат натпросечните вредности.

Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.