Мондрагон се обидел да се самоубие

Легендарниот колумбиски голман Фарид Мондрагон е хоспитализиран отакако се обидел да се самоубие. Мондрагон бил примен во клиниката „Вале дел Лили“, како се наведува поради ‘дисбаланс во организмот’.

Image

Од клиниката соопштиле дека здравствената состојба на Мондрагон е стабилна, но дека и понатаму се наоѓа под лекарски надзор.

Од друга страна колумбиските медиуми пренесуваат дека 44-годишниот голман се обидел да си го одзмеме животот откако испил поголема количина на антидеприсиви. Мондрагон неколку дена претходно на својот профил на Инстаграм напишал:

„Само јас можам да си судам, уморен сум од тоа да бидам осудувам од други, а да немам можност да се бранам“.

Фарид Мондрагон на СП во Бразил во 2014 година стана највозрасниот учесник на еден мундијалски натпревар. Кога влезе во игра на мечот Колумбија-Јапонија (4:1), Мондрагон имаше 43 години и три дена и го собори рекордот на Камерунецот Роже Мила.

Во кариерата има настапувано за Сарагоса, Мец, Кали и Галатасарај.