Награда за „Трајни музички вредности“ за Игор Џамбазов

Музичката академија на радио “Бубамара” оваа година без двоумење одлучи наградата за „Трајни музички вредности“ да му ја додели на Игор Џамбазов.

Image

 

Нашиот познат актер и шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец,  повеќе од 40 години е значаен дел од македонската култура и уметност. Со своите извонредни уметнички и сценски перформанси Џамбазов остави и сеуште остава неизбришлива трага.

 

Како добитник на наградата за „Трајни музички вредности“, тој го најде своето место меѓу најдобрите кои досега блеснаа во оваа категорија, легендите Влатко Стефановски, Оливер Мандиќ, Тончи Хулиќ, Влада Дивљан и многу други.