Концертниот албум на Моторхед излегува во мај

Снимките од некои од последните концерти на британскиот хеви метал бенд Моторхед, чија кариера заврши со смртта на легендарниот фронтмен на групата Леми Килмистер, ќе бидат објавени на албум што ќе излезе на 27 мај, објави издавачката куќа УДР Рекордс.

Image
Станува збор за песни од настапите на 20 и 21 ноември во минхенската сала Зенит. Издавачката куќа одлучи да ги објави и на тој начин за новите генерации трајно да го забележи еден од последните настапи на Моторхед воопшто.

„Леми повеќе го нема и Моторхед повеќе никогаш нема да свири“, наведува УДР.

Иако беше болен од рак, Леми на бината во Минхен даде сѐ од себе, се вели во соопштението.

Последниот концерт на Моторхед беше на 11 декември во Берлин. Леми почина 17 дена подоцна.

На албумот ќе има 14 песни, вклучувајќи ги класиките “Overkill” и “Ace of Spades”.