Над милион луѓе на процесијата во чест на Црниот Исус на Филипини

Едно 27-годишно момче почина од срцев удар, а повеќе од 400 побарале лекарска помош поради различни повреди, вртоглавици и несвестици кога во саботата околу 1,5 милиони луѓе ѝ се придружија на најголемата филипинска верска процесија во чест на повеќевековната статуа на Исус Христос, соопштија локалните власти кои до крајот на денот очекуваат повеќе милиони учесници.

Image

Некои од аџиите ја минале ноќта во централниот парк на филипинската престолнина Манила каде што статуата на Црниот Исус од Назарет е изложена два дена за да можат верниците, според тамошниот обичај, да ја бакнуваат или да ја допрат со марамче.

„Аџиите се како воден бран“, изјавил Џони Уј, шеф на службата за цивилна заштита, пренесува агенцијата DPA.

„Очекуваме дека подоцна на процесијата ќе ѝ се приклучат уште повеќе луѓе“, додал. Според него, се проценува дека во поворката има 1,5 милиони луѓе коишто ќе одат повеќе од шест километри што може да потрае и повеќе од 20 часа. Властите очекуваат дека до вечерта ќе дојдат неколку милиони луѓе.

Процесијата во чест на Црниот Исус од Назарет е еден од најголемите верски настани на мнозински Филипини, каде што повеќе од 80 отсто од населението се изјаснуваат како верници.

Според верувањето, дрвениот кип со брод бил донесен од Мексико во Манила во1606 година, а го донеле шпанските мисионери. Бродот го зафатил пожар, но освен што статуата потемнела, останала неоштетена и цела, и го добила името Црниот Исус од Назарет.