Нападите на мигрена кај жените почести во периодот на перименопауза

Честите напади на мигрена, што би значело да се јавуваат најмалку десет пати месечно, се многу почести кај жените во перименопаузата во текон на кој женското тело врши природна транзиција кон трајната неплодност или менопаузата, покажаа резултатите од новата студија којашто ја спровеле американските научници, објавена во списанието Headache: The Journal of Head and Face Pain.

Image

„Веќе со години жени ми се жалат дека главоболките им се почести и поинтензивни во периодот на перименопаузата, но никогаш немавме спроведени директни истражувања за тоа“, вели др Винсент Т. Мартин од Медицинскиот универзитет во американски Синсинати и еден од водачите на Програмата за главоболки и фацијална болка при Институтот за невронаука на Калифорниските универзитет.

Во периодот на хормонална промена и хормонско стареење во перименопаузата, кога менструланиот циклус станува нередовен, кај жените се јавуваат симптоми како што се бранови горештина, остри промени на расположението, раздразливост, несоница, депресија, апатија, намалување на енергијата и силата, полесно и почесто заморување, заборавност, губење на интересот, дебелеење и многу други.

„Се смета дека менопаузата во просек кај повеќето жени започнува 51 и 52-та година, а просечно преодниот период трае меѓи пет и десет години. Моите пациентки ми се жалеа дека мигрените им се влошиле уше на возраст меѓу 42-та и 47-та година“, вели извршната директорка на Американското здружение за проблемите на жените во менопауза, др Џоан Пинкертон.

Пореметувањето на хемиските споеви во мозокот може да резултира со здебелување на крвните садови или нивно проширувања, поради што доаѓа до притисок врз нервите, што го поттикнува настанувањето на мигрените, појаснува Пинкертон за Reuters, додавајќи дека како поттикнувач за мигрената во овој случај се хормоналните промени, иако механизмот за тоа сé уште не е познат.

Мартин и коавторите на студијата, истражувањето го спроведувале врз податоци собирани за повеќе од 3.000 пациентки од 2006 година на возраст меѓу 35 и 65 години коишто пред и за време на менопаузата се жалеле на напади од мигрена.

Околу 8 отсто од жените коишто сé уште имале редовен менструален циклус се жалеле на почести мигрени, а тоа значи дека се јавувале повеќе од десет пати месечно. Бројката се зголемила на повеќе од 12 отсто кај пациентките во перименопаузата, а кај оние во постменопауза, кај коишто циклусот престанал, силните напади од мигрена ги пријавиле 12 отсто.

Ризикот од силни мигрени бил поголем во подоцната перимменопауза, пред целосното изостанување на циклусот, кога новоата на естроген во организмот биле многу ниски. Др Мартин вели и дека е поголема веројатноста кај жените коишто во текот на репродуктивниот период имале посилни предменструални симптоми, да се појави и посилна мигрена. Жените коишто пателе за време на менопаузата од симптомите на депресија имале посилни напади од мигрена, покажува истото истражување.

Доколку се јават многу силни мигрени во опишаниот период, лекарите препорачуваат земање на дополнителни заменски хормонски терапии или естрогенски фластери. Др Пинкеретон вели дека во постменопаузата, кога ќе престане хормонската нерамнотежа, а нивото на хормоните ќе стане ниско и стабилно, најчесто и престануваат нападите од мигрена.