НАТО го јакне военото присуство во источна Европа

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се договорија во Брисел дека ќе го зајакнат военото присуство во источна Европа, но без воспоставување постојани воени штабови, изјави во средата вечерта генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

Image

„Министрите на НАТО се согласија дека ќе ја засилат воената присутност во источниот дел на Алијансата“, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг. Според него, до крајот на годинава НАТО ќе воспостави уште два нови штаба, покрај веќе постојните пест во источна Европа.

Според агенциските извештаи, задоволство од зголеменото присуство на силите на НАТО во Европа, особено на американските сили со што „САД ќе бидат поактивни и поприсутни во овој дел на светот“ , изразиле претставниците особено на новите членки на алијансата.

Зголемените сили ќе бидат мултинационални, за „јасно да се порача дека нападот врз една земја сојузничка е напад врз целиот Сојуз и дека Алијансата како целина на тоа ќе одговори“, рече Столтенберг.

Овие сили ќе ротира, а воените стручњаци оваа пролет треба да препорачаат колку ќе бидат димензионирани и од кој состав ќе бидат сочинети ваквите единици.

Столтенберг истакна дека подоцна седмицава во Минхен на конференцијата за безбедноста ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и ќе му појасни дека станува збор за одбранбен карактер на стратегијата на НАТО на Балтик и источна Европа.

„Веруваме дека, особено во тешки времиња какви што се сега, дури уште поважно е да се има политички дијалог и отворени канали за комуникација меѓу НАТО и Русија“, истакна Столтенберг.

Претходно седмицава американските коментатори по навјавата на плановите на САД се четири пати да го зголемат износот за одбрана во Европа, на 3,4 милијарди долари во 2017 година се центарот на оваа стратегија, која се оправдува како одговор на присоединувањето на мнозински руско и рускојазичниот Крим на Руската Федерација, оваа мерка е потврда на говорот на американскиот претседател Барак Обама во Естонија во 2014 година кога изјави дека НАТО ќе помогне да се заштити независноста на трите балтички земји, кои со децении беа дел од поранешниот Советски сојуз, но каде што основниот проблем е што живеат големи заедници на руското малцинство кое во овие земји не ги ужива сите граѓански права.

Литванија, Латвија и Естонија, кои по Втората светска војна поради нивната улога се присоединети кон поранешниот СССР до 1991 година, стравуваат дека Русија ќе ги дестабилизира и бараат постојано присуство на силите на НАТО на нивните територии

Трите балтички држави членки на НАТО, Латвија, Литванија и Естонија, се многу зависни од руските енергенси, а Латвија и Естонија имаат и големи руски малцинства додека на рускојазичните граѓани им го одредуваат статусот „недржавјани“ со кои им се ограничуваат некои права поради што се често критикувани од ОН и ЕУ. Во Латвија живеат 26 отсто Руси, во Литванија околу 6 проценти, а во Естонија тие сочинуваат 25 отсто од населението.

Загрижени дека откако во март 2014 година црноморскиот полуостров Крим преку референдум се отцепи од Украина и се присоедини на Русија, што Западот го смета за руска анексија на украинска територија, дека Русија наводно би можела да ја нападне Полска или балтичките земји од нејасни причини, НАТО сака да ја го засили своите источни граници на самата руска граница, но сепак не сака со стационирање на постојани сили да го предизвикува Кремљ. НАТО тврди дека ќе го почитува својот договор со Русија од 1997 година, според кој Алијансата се обврзала да нема постојани борбени единци во источна Европа.

Засега се споменува дека НАТО би можел да има по една бригада од по илјада војници во секоја од шесте земји на источна Европа – Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Бугарија и Романија. Тие бригади би ја имале поддршката од силите за брза реакција договорени на самитот во Велс, кои вклучуваат воздушни, копнени и поморски сили, а кои имаат околу 40.000 војници.