Обама пристигна на Куба во историска посета, го следат над 1.500 новинари

Американскиот претседател Барак Обама во неделата навечер допатува во Хавана во историската посета на Куба, прва на некој актуелен американски претседател во речиси еден век која ја следат повеќе од 1.500 акедитирани новинари.

Image
Претседателскиот авион „ Air force One“ слетал по 21 часот по средноевропско време на аеродромот „Хозе Марти“, наречена по творецот на независна Куба, поранешна шпанска колонија.

„Како е Куба? Пристигнав, нестрпливо ја очекувам средбата со Кубанците“, напиша американскиот претседател Барак Обама на Twitter веднаш по слетувањето во Хавана.

Повеќе функционери, меѓу кои и кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, го дочекаа американскиот претседател, неговата сопруга Мишел и ќерките.

Коментаторот на кубанската телевизија кој директно го пренесуваше свеченото пречекување на Обама, истакна дека станува збор за „историска можност“.

Посетата на американскиот претседател на Куба ја следат повеќе од 1.500 акредитирани новинари од педесетина земји, објави кубанското министерство за надворешни работи. Претставниците на над 400 медиуми ќе ги следат сите активности на челникот на САД кој е првиот активен претседател кој по точно 88 година стапнува на кубанска почва. Прес-центарот за оваа посета е лоциран во хотелот „ Tryp Habana Libre“.

Целта на оваа дводневна посета на Обама на Хавана, на која е придружувана од десетици конгресмени и бизнисмени, е да се истакне неповратноста од затоплувањето на односите по повеќе од половина век, откако на големо изненадување на 17-ти ноември 2014 година беа најавена потоа реализирани визни олеснувања и трговска соработка, а од јули 2015 обновени и дипломатските односи.