Хан: Целосна поддршка за слободни и демократски избори

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан по неуспешните преговори со политичките лидери во Македонија порача преку твитер  дека ЕУ дава целосна поддршка за слободни и демократски избори.

Image

 

“Ги уверувам граѓаните, без разлика каква конечна одлука ќе донесат политичките лидери, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за гаранција на слободни и фер избори” – напиша на својот твитер профил Хан.

 

Непосредно по завршувањето на деветчесовните во Пржино, Хан изјави дека не е посигнат договор за избори и дека земјата е во тешка состојба.

 

Претходно Хан ја ретвитуваше изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој рече дека не е неопходно одлагање на изборите.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски по средбата оцени дека постојат услови за одржување на избори на 24 април и дека единствено СДСМ била против тоа да се одржат избори на овој датум

 

Со потезите што ги прави Заев всушност сака да ја внесе државата  во уште поголема политичка криза и проблеми и да имаме продолжена агонија која не е од интерес на никого во Република Македонија. Неговите зборови денеска беа поврзани само со одложување на изборите на 24 април без никакви сериозни аргументи, рече Груевски.

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече преговорите пропаднале и нагласи дека СДСМ нема да учествува на изборите ако се одржат на 24 април

 

„За нас не се прифатливи избори без навремена регулација на медиумите и и без навремено прочистување на Избирачкиот список. Ако се одржат избори на 24 април, ние на такви избори нема да учествуваме, а ќе продолжиме да се бориме за фер, регуларни и демократски услови за одржување избори“, рече Заев.