Научниците открија гени зомби

Американските научници откриле низа од ткн „зомби гени“, кои се активни во клетките неколку дена по смртта на организмот, се наведува во статијата објавена во електронската библиотека bioRxiv.org.

Image

„За нас овој експеримент стана можност да ја задоволиме нашата научна љубопитност и да дознаеме што се случува кога ќе починеме. Главниот заклучок од истражувањето е дека тоа покажа оти можеме да научиме многу работи за тоа како функционира животот проучувајќи ја смртта“, вели Питер Ноубл, од Универзитетот Вашингтон во американски Сиетл.

Ноубл и неговите колеги појасниле дека во човековиот организам и во телото на животните постојат неколку гени кои се активираат само по смртта на нивниот „домаќин“, следејќи ги случувањата во клетките на глувците и рибите-зебри, евтаназирани со смртоносни дози отров.

Следејќи ги процесите во клетките на неколку десетици умрени животни, научниците забележале дека активностите на гените и протеините во нив се менувале не случајно, и како што би се очекувало доколку виталните процеси во ткивата на глувците и рибите зебри целосно по престанокот на работата на кардиоваскуларниот систем и биолошката мозочна смрт.

Се покажало дека во клетките на двата споменати вида животни постоеле неколку десетици и стотици гени, коишто се активирале неколку часа по смртта и чијашто активност останувала на многу високо ниво во текот на пет дена по настапувањето на смртта.

Многу од тие гени, како што пишуваат научниците во студијата, се обидувале да го „оживеат“ организмот, заштитувајќи ги клетките од воспаление, подобрувајќи ја нивната имунолошка реакција и сузбивањето на стресните процеси. Другите „гени на смртта“, на огромно изненадување на биолозите, како што се изразува Ноубл, биле идентичните региони од ДНК-та, кои се активни во текот на ембрионалниот развој и учествуваат во формирањето на телото и се „исклучуваат“ по раѓањето.

Најинтересното откритие, според научниците, било тоа што во клетките на мртвите животни биле активни оние гени кои се поврзани со развојот на ракот. Тоа може да објасни, имено, зошто по трансплантација на органи од скоро починати луѓе понекогаш доаѓа до развој на малигни тумори.

Според Ноубл, овие гени и шемата на нивните активности, коишто научниците ја нарекле танатотранскриптом, може да се користи за прецизно пресметување на времето на смртта на лицето и да се одреди погодноста на неговите органи за пресадување. Покрај тоа, следењето на активностите на гените во умирачките клетки, како што смета биологот, ќе помогнат во откривањето на тајните на нивното заемно дејствие и за тоа како „работи“ животот.