Најдобриот готвач на светот пронајден мртов

Готвачот Бенои Виолер, чиј ресторан во Швајцарија во декември беше прогласен за најдобар на светот, најден е мртов во својата куќа, пишува BBC.
Image

Тој водеше ресторан во близина на Лозана, кој имаше три ѕвезди на Мишелин, а според наводите на полицијата, 44-годишниот Виолер најверојатно си пукал во главата.
Виолер, во понеделник требало да го промовира новиот водич на Мишелин.

Готвачот почина шест месеци по смртта на неговиот ментор и претходник во ресторанот, Филип Роша, кој починал од компликации по пад од велосипед.

Виолер работи во ресторанот Restaurant de l’Hotel de Ville, од 1996 година, за во 2012 година да го откупи заедно со сопругата.