НБА: Лејкерис блескаа против Орландо

Лејкерси, Портланд, Сан Антонио, Денвер, Атланта и Торонто забележаа победи на натпреварите во НБА лигата, кои се одиграа во НБА лигата во текот на изминатата ноќ.

Image

Лејкерси по неверојатната победа над Голден Стејт, потенцијалот кои го поседуваат го демонстрираа и против Орландо. Лејкерси славеа со 107:98, а најефикасни во победата на „езерџиите“ беа Д’Анџело Расел (27 поени), Џордан Кларксон (24 поени) и Џулиус Рендл (23 поени, 11 скокови).

Демијан Лилард, блескаше во победата на Портланд над Вашингтон, по едно продолжение, 116:109. Лилард постигна 41 поен, на кои придодаде 11 асистенции и пет скока, а одлично го надополни Си Џеј Меколум кој постигна 18 поени, вклучувајќи ги и поените на пет секунди до крајот со кои го однесе мечот во дополнителните пет минути.

Бруклин имаше предност од 16 поени на полувремето против Торонто но не успеа да победи. Поразот на Бруклин 104:99 не можеше да го спречи ниту одличниот центар Брук Лопез кој имаше учинок од 35 поени, пет скока, три асистенции и седум блокади. Торонто вообичаено го предводеа бековите Дерозан и Лаури со 25, односно 23 поени.

Атланта победи кај Јута со 91:84. Џеф Тиг беше најефикасен со 24 поени, а Пол Милсап уфрли 18 кошеви.

Денвер убедливо го порази Њујорк 110:94. Центрите на Денвер одиграа одличен меч Кенет Фарид забележа двоен ефект од 24 поени и 10 скокови, а Никола Јокиќ забележа 20 поени и девет скокови. Кај Њујорк Каремело Ентони постигна 30 поени.

Сан Антонио, без Данкан, Паркер и Џинобили, лесно се справи со Минесота во Минеаполис. Ламаркус Олдриџ со 29 поени ги предводеше Спарси до победата од 116:91.