Новиот македонски игран филм „Лазар“ вечерва на Скопски филмски фестивал

Новиот македонски игран филм „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски кој е и автор на сценариото ќе биде прикажан во понеделник вечер во 20 часот во киното „Милениум“.

Image (12)

Улогите ги толкуваат актерите: Наташа Петровиќ, Дејан Лилиќ, Красимира Кузанова и Александар Сано, двајцата од Бугарија. Филмот е приказна за илегален транспорт на мигранти и бегалци. „Лазар“ е копродукција на Македонија, Хрватска, Бугарија и на Франција, а вечерашнава негова проекција воедно е скопска премиера, но и можност да се погледне дело на режисерот Ристовски по 11 години пауза од неговиот игран филм „Илузија“.

Својата светска премиера филмот „Лазар“ ја имаше лани на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, а досега учествувал и на фестивалите „CinEast FilmFestival “ и „Santa Barbara International FilmFestival“.