Во каков град сакаме да живееме?

Скопје е се позагадено, понечисто, а тоа станува неподносливо! Затоа сите ние имаме одговорност!  Дали кога нашето дете ќе фрли хартија на улица, ќе му укажеме дека греши, и ќе му дадеме пример како треба да постапи. Колку од нас селективно го одложуваат ѓубрето? Дали моменталниот профит на компаниите загадувачи е повреден од заштитената животна средина. Зарем треба сите да се преселиме!Природните ресурси се неповратни, природата помни и ни враќа, онака како што ние се однесуваме кон неа.

ekologija i reciklaza-02

Токму затоа крајно време е да промениме некои навики!

На сите нивоа: граѓаните да не загадуваат, селективно да фрлаат отпад, да избегнуваат купување производи кои не се рециклираат, да водат сметка производите да содржат грин дот, знак кој потврдува дека производителот плаќа соодветен надоместок за отпадот кој го создава. Локалната самоуправа да создаде подобри инфраструктурни услови за селективно одложување на отпадот, ефикасно да управува и менаџира со комуналната хигиена. Компаниите загадувачи да плаќаат соодветен надоместок. А надлежните институции как одржавниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина, да покажат одговорност и доследно да го применуваат законот за екологија, посебно законите за управување со  отпад од пакување,  електронски, електричен отпад и батерии,   каде најчесто се случуваат отстапувања и недостаток н аконтрола и тоа е највидливо.

Процесот на загадување можеби не е толку воочлив на прв поглед, но многу негативно влијае на почвата, на воздухот, на храната, па преку тоа и на нашето здравје. Не е случајно што толку многу болести се појавуваат во последно време. Експертите, еколошките здруженија укажуваат на можните последици, а кои директно не засегаат сите нас.

За да се исполнат националните еколошки цели предвидени со Законот неопходна е постојана контрола на надлежните институции, пред се на Државниот инспекторат за животна средина, но и Пазарната инспекција која доби овластувања по овој закон. Субјектите што создаваат отпад од пакување,  односно амбалажен отпад, потоа електронски, електричен и останат опасен отпад, должни се да уплаќаат надоместок за овој отпад во буџетот на Република Македонија или, пак да склучат договори со овластени правни лица за колективно постапување со соодветниот тип отпад и да плаќаат утврден надомест за тоа во зависност од видот и количините на отпадот.Ова е во насока на законските барања за постојано зголемување на процентот на преработката и рециклирање на сите типови отпад, посебно на амбалажниотот пад кој до 2020 годинат треба 60% да се рециклира, наместо да заврши на депонија″смета универзитетскио тпрофесор од областа на Екологија и одржлив развој и поранешен министер за екологија, г-дин Зоран Шапуриќ

Во однос на управувањето со отпадот со пакување, чие влијание е најочигледно за граѓаните, постојат девијации во законската имплементација. Дел од овластените правни лица за колективно постапување со отпад од пакување континуирано не ги исполнуваат националните цели зададени со закон, а други пак ги заобиколуваат одредбите од законот и пријавуваат нереални, фингирани или неточни количини на отпад кои наводно ги собрале и рециклирале, со штои во двата случаи не ги исполнуваат обврските од дозволите коишто им ги издава Министерство за животна средина и просторно планирање. Според наши извори, дел од нив веќе две години по ред од Министерството за екологија добиваат негативна оцена за своето работење, не ги исполнуваат националните цели дефинирани во законот, а сетолерираат и оставаат да работат. Тие со тоа стануваат нелојална конкуренција и ги девалвираат останатите компании и го минираат функционирањето на целиот систем. Дали Министерството на ова реагира?. Како за споредба, годинава на две компании со слична дејност во Бугарија, им беше одземена лиценцата.

Ако се продолжи со толерирање на овие компании и девијации, јасно е дека нема да се исполнат целите за преработка и рециклирање. Оттаму е неопходна засилена и перманентна контрола на сите надлежни инспекциски органи и да се применат санкциите предвидени со законот кои предвидуваат и одземање на дозвола за колективно постапување на оние компании кои доставуваат лажни податоци до институциите.

Луѓето инволвирани во овој сегмент често и прашуваат, зошто од сите балкански земји каде што има ваков закон и од сите европски само во Македонија законот доследно да не се почитува! Во европските земји овој закон е во функција повеќе од 20 години, во балканските повеќе од 10 години, а овие земји имаат достигнато стапка на рециклирање на отпадот од пакување повисока од 60 %. Поголемата ставка на рециклирање значи помалку отпад на дивите депонии и помал ризик за контаминација на нашата храна.

Информативно: На хартијата и отпадоците им се потребни 6 месеци да се разградат, надогорчиња од цигари  5 години, на пластичните кеси 30 години,  на гумите за џвакање 25 години, на лименките и до 400 години. Па Вие сега одлучете дали треба повторно да ги фрлите во некој парк или на улица!