Обвинение за акцијата „Келија“ против лица кои се бореле за ИС

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција во понеделникот доцна попладне поднесе обвинителен акт за случајот Келија, против 11 лица кои се бореле на страната на Исламската држава (ИС).

Image

Тие ќе одговараат за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. Обвинителниот акт е даден на постапување кај Совет за оценка на обвинителен акт при овој суд. На сите единаесет обвинети лица, кривичниот совет им го продолжи притворoт во траење од 30 дена.

Дваесет и едногодишен скопјанец е уапсен под сомнение дека бил припадник на ИД и во два наврата се борел во Сирија, а од август годинава кога против него во рамки на Оперативната обработка „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава.

Акцијата Келија беше спроведена на 6 август и тогаш беа уапсени 8, од вкупно 36 лица кои беа под сомнение дека учествувале или биле логистика за праќање на борци на страната на терористичката група Исламска држава.