Обвинителството и МВР утринава ја спроведуваат акцијата „Којот“

Велес, 20 јули, 2016 – 9:55 (META) 

Основното јавно обвинителство за гонење организиран кримининал и корупција заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, од одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, утрово спроведува голема акција, под кодно име „Којот“.

avtopat-begalci

Во акцијата, како што информираат од Обвинителството, се гони организирана криминална група, чии членови се товарат за подготвување и за извршување на повеќе кривични дела, односно трговија со луѓе, трговија со малолетно лице, криумчарење мигранти, разбојништво, трговија со дрога и недозволено држење оружје.

„Во рамките на акцијата, а во насока на пронаоѓање траги и предмети важни за кривичната постапка, се вршат претреси на повеќе локации во Велес и во други населени места“, велат од Обвинителството.

Оттаму најавуваат повеќе информации за акцијата подоцна, во текот на денот.