Одложено судењето за „Шпион“

Скопје, 27 септември, 2016 – 12:28 (META) 
zoran-bozinovski1

Денешното рочиште во случајот „Шпион“, на кое исказ требаше да даде новинарот Зоран Божиновски, е одложено поради тоа што била болна судијката Сандра Крстиќ. Таа побарала замена, па на нејзино место судот ја постави судијката Ленка Давитковска.

Божиновски од минатата недела почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес.