Осомничени повеќе лица за случајот Тамара Димовска

Јавното обвинителство во понеделникот соопшти дека се осомничени повеќе лица за сторено кривично дело Несовесно работење во службата во врска со случајот Тамара Димовска од Велес.

Image

Тамара Димовска почина пред точно една година, како последица од сериозно искривување на ‘рбетот. Таа чекаше државата да и плати за операција во странство.

Обвинителството се одлучило да спроведе низа дејствија за овој случај по допрен глас.

Од преземените дејствија произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител.

Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот.

По завршување на сослушувањето ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена, стои во соопштението.