Осум дена притвор за скопјанката која малтретирала болна старица

Судија на претходна постапка ѝ одреди осумдневен притвор на скопјанката која наместо да ја чува, малтретирала болна осумдесет ичетиригoдишна старица.

Image

Шеесет ичетиригoдишната скопјанка е осомничена за телесна повреда при вршење семејно насилство.

Синот на старицата во март годинава се договорил со жената да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка, која е болна од Паркинсонова болест и деменција, и е тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест ѝ овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом  и средства за егзистенција.

На 21-ви овој месец, синот преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка, случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како осомничената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото, тегнејќи ја за косата и туркајќи ја на креветот.

Откако го видел тоа, се симнал  на долниот кат, и истата ја спречил и натаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом.